18.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Во Газа загина селекторот на олимписката репрезентација на Палестина

Додека фудбалската репрезентација на Палестина во Саудиска Арабија се подготвува за настапот на Азиското првенство, страшни вести пристигнуваат од Газа. Од Фудбалскиот сојуз на Палестина соопштија дека во воздушните напади денес животот го загубил селекторот на олимписката репрезентација, Хани Ал-Масдар.

Како што се вели во соопштението се работи за вистинска легенда на палестинскиот фудбал, кој целата своја играчка и тренерска кариера ја минал во клубови од Газа, а освен селекторската функција, бил ангажиран и во работењето на фудбалскиот сојуз.

Според Фудбалскиот сојуз на Палестина, до денес во израелско-палестинските судири во Газа животот го загубиле 67 фудбалери, а уништени се 15 фудбалски терени.

- Оглас -

Најнови вести