Пари Сен Жермен со 5:2 славеше над Монако во дербито од 13 коло во француското првенство. Со оваа победа Светците сигурно ќе бидат први и по завршување на ова коло, затоа што имаат 30 бодови, четири повеќе од второпласираната Ница која в недела игра против Тулуз. Монако остана со 24 бода на третото место.
Рамос ја отвори серијата погодоци кога домашните навивачи се израдуваа во 18 минута. Само четири минути подоцна Монако израмни на 1:1 и тоа благодарение на катастрофалната грешка на голманот Џанлуиџи Донарума, кој буквално подари погодок на Монако.
За среќа на италијанскиот голман, ПСЖ брзо постигна втор гол и тоа преку Килијан Мбапе од пенал за 2:1 на полувреме. Во второто полувреме Дембепе погоди за 3:1, а Витиња зголеми на 4:1 за сигурен финиш на мечот. Монако постигна втор погодок за 4:2, но последниот збор сепак го имаа домаќините кои преку Коло-Муани погодија за конечни 5:2.