Неверојатен тикет вчера беше уплатен во објект на Sport Life во Гостивар, каде што еден обложувач со вложени 20 денари одигра четири натпревари полувреме-крај, направи квота од 6.935 и си заработи чисти 117.899 денари. Најмалата квота на тикетот изнесуваше 4.15, а најголемата 17.2.
Најкритичен за гостиварецот беше дуелот кој денеска е во центарот на вниманието на светската јавност, Анкарагучу – Ризеспор. Веднаш по завршувањето на натпреварот, претседателот на домашниот тим влета на теренот и незадоволен од делењето на правдата го нокаутира судијата.
Гостите од пораз (1:1) се спасија со гол во седмата минута од судиското продолжение иако три минути претходно останаа со играч помалку.
На останатите мечеви, речиси воопшто и да немаше драма, Термалика Ниечежа – Арка (1:1, 2:1), Радомље – Марибор (1:2,2:2) и дуелот од женската Серија А меѓу Сасуоло и Фиорентина (0:0, 1:2), навреме го исполнија условот кој на гостиварецот му донесе одлична добивка.