Во Хрватска исчезнале 10-мина ракометари кои биле дел од Светското првенство за кадети

Хрватската полиција добила пријава за исчезнување на 10-мина државјани од Бурунди, кои допатувале да бидат дел од Светското ракометно првенство за кадети во Риека од 2 до 13 август.

„Според досегашните сознанија, се работи за 10-мина млади машки личности родени во 2006 година кои вчера, на 9 август, околу 15:30 часот тргнале од просториите на студентскиот центар во Риека кон непознат правец“, стои во соопштението на полицијата.

Спортистите биле сместени во студентскиот центар во Риека додека трае првенството, а по нивното исчезнување никој од нив не се јавува на телефон. Полицијата објави фотографии со имињата на исчезнатите.

Селекцијата на Бурунди убедливо ги загуби сите пет меча на Мундијалот за ракометари до 19 години.

 

- Оглас -

Најнови вести