Оштетена е Специја – Во ист напад имаше два пенали, попуст доби домаќинот (Видео)

Калјари доби убав попуст од судијата Франческо Фурно во 66-тата минута и успеа да освои еден бод во дуелот со Специја што заврши нерешено 2:2.

Имаше вистинска драма во 66-тата минута, кога најпрво Емануел Ѓаси беше фаулиран во шеснаесетникот на Калјари, но Форно не досуди пенал за гостите и не доби инструкции од ВАР-собата да го погледне спорниот момент.

Во продолжението на акцијата и при резултат од 1:2 за гостите фаулиран беше Паволети од Калјари и судијата покажа на белата точка.

Жоао Педро беше прецизен од 11 метри и израмни на 2:2, што беше и конечен резултат на претпоследниот меч од првото коло во Серија А.

Моментот од 66-тата минута, во кој Специја беше оштетена за пенал, а Калјари потоа доби шанса за удар од белата точка, можете да го погледнете ОВДЕ.

Специја беше на прагот на победа откако поведе со 2:0 со головите на Ѓаси и на Бастони, но Калјари набрзина, само за четири минути, од 62-рата до 66-тата минута, со два гола на Педро израмни на 2:2.

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести