Судијата не го прекина вечерашниот меч Бенфика – Реал Мадрид, а УЕФА од утре ќе го разгледува инцидентот во која аргентинскиот фудбалер Престијани наводно му рекол „мајмун“ на Винисиус.
Винисиус бараше казна за Престијани или прекин, но тоа не се случи.
Инаку, во историјата на ЛШ, досега еднаш се има случено меч да биде прекинет поради расизам. Тоа се случи во 2020 на средбата ПСЖ – Башакшехир кога четвртиот судија Себастијан Колтеску го навредил помошникот тренер на Башакшехир, Пјер Вебо, за кого рекол „овој црнец“. Тогаш се случи хаос, гостинските фудбалери решија да не продолжат и го обвинија Колтеску дека го навредил Вебо на расна основа, а и играчите на ПСЖ им дадоа поддршка.

