Во Италија е можно сценарио кое не е видено 85 години!

Борбата за тоа кои екипи ќе одат во Лигата на шампиони во следната сезона ќе биде во фокусот од последното коло во италијанската Серија А. Интер е шампион, Аталанта сигурно ќе игра во ЛШ, а за останатите две места се борат Милан, Наполи и Јувентус. Еден од овие три екипи ќе извиси, а калкулации има премногу ако се знае дека Милан и Наполи имаат по 76 бодови, а Јувентус е петти со само еден бод помалку.

Во последното коло Наполи дома игра против Верона и која нема големи мотиви за игра и Наполитанците реално се фаворити за трите бода. Јувентус игра кај Болоња и реално Старата дама треба да брка победа, но и да чека кикс на Наполи или Милан.

Според противникот кој го има во последното коло, Милан ќе има најтешка задача. Росонерите гостуваат кај Аталанта во Бергамо, па потребно е да победи за да не зависи од останатите резултати. Доколку Милан не победи, а Наполи и Јувентус ги освојат трите бода, Росонерите ќе испаднат од пласман во Лигата на шампиони.

Ваквиот расплет би бил дебакл за гигантот од „Сан Сиро“, посебно ако се знае дека тие беа лидери во Серија А на полусезона. Низ историјата на италијанското првенство само еднаш досега се случило тимот кој бил прв на полусезона, на крајот да не заврши во Топ 4 на табелата.

Тоа му се случило на Јувентус во далечната сезона 1935/36, а сега по цени 85 години Милан е во можност да го повтори овој неславен резултат. Во Серија А дури 67 отсто од екипите кои биле први на полусезона на крајот станале и прваци, но Милан сега се обидува да не биде вториот најнеславен лидер на полусезоната.

 

- Оглас -

Најнови вести