Во Јувентус не го сакаа, а во новиот клуб со првиот допир на топката даде гол (Видео)

Италијанскиот гигант Јувентус одлучи дека во новата сезона нема да има потреба од Арон Рамзи, па затоа му го раскина договорот. За Рамзи се заинтересира Ница, па Рамзи го облече дресот на овој фрнцуски тим.

Уште во првиот меч за новиот клуб, Рамзи го покажа квалитетот и на дуелот против Тулуз даде прекрасен гол. Тулуз водеше со 1:0, а Рамзи во игра влезе во 77 минута, Неполна минута подоцна, Рамзи даде гол буквално со првиот допир на топката и израмни на 1:1 што на крајот беше конечен резултат.

https://twitter.com/i/status/1556259136446382080

- Оглас -

Најнови вести