3.8 C
Skopje
недела, 22 февруари 2026

Во Каталонија не одбиваат подароци: Барселона повторно е лидер во Ла Лига (Видео)

Барселона повторно е лидер во Ла Лига, откако Реал Мадрид загуби од Осасуна, а „каталонците“ попладневоа славеа рутинска победа над Леванте на домашен терен со 3-0.

Марк Бернал уште во четвртата минута ја донесе Барселона во водство од 1-0, а прашањето околу победникот беше решен во 32-рата минута, кога Френки де Јонг ја удвои предноста на „каталонците“.

Точка на триумфот на „каталонците“ стави Фермин Лопес со вистински еврогол во 81-вата минута.

Барселона сега е на првото место на табелата со 61 бод, еден повеќе од вечниот ривал Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести