Актуелниот НХЛ првак Тампа Беј лајтнинг на волшебен начин си го продолжи животот во финалната плејоф серија за одбрана на титулата и со триумф од 3:2 во Колорадо остана во игра за хет-трик и патем ги спречи Авеланш да освојат пехар во Стенли купот по 21 година.
Двојниот едноподруго шампион во НХЛ сега намали на 2:3 и се уште нема право на кикс до крајот на серијата ако сака трета титула по ред.
Ондреј Палат беше јунакот во петтиот меч и тој погоди последен, на шест минути до крајот, за победа на Тампа беј од 3:2.
ONDREJ FREAKIN' PALAT pic.twitter.com/wmdL8tirfg
— Tampa Bay Lightning (@TBLightning) June 25, 2022
Актуелните прваци постојано водеа во меч што не смееја да го загубат и покажаа шампионски карактер во ситуација кога секој пораз ќе ги симне од тронот.
Колорадо се уште е фаворит за титулата, му треба една победа за да се радува на пехар во Стенли купот по пауза од 21 година, а следниот меч ќе го играат задутре на гости во Флорида.
Ако Тампа Беј успее да израмни на 3:3 мајсторката за титулата би се играла во Колорадо.