Во Квотите на денот главни се игрите на голови (Фото)

Во денешните Квоти на денот има пет интересни натпревари од европските лиги кои ако ги одиграте заедно на еден тикет, ќе добиете вкупен коефициент од 51.15.

Првиот предлог ја има и најмалата квота и е од втората германска лига меѓу Хамбургер и Фортуна Дизелдорф. Предлогот нa Sport Life е да одиграте дека домаќинот нема да загуби, а притоа двата тима ќе постигнат гол. Квотата за оваа игра изнесува 2.00.

Борусија Дортмунд му гостува на Хофенхајм во првиот меч од шестото коло во Бундеслигата и ќе ја има фаворитската улога. Квота од 2.25 се добива ако се одигра дека Милионерите ќе постигнат барем еден гол во првото полувреме и барем два гола на целиот натпревар.

Во француската Лига 1 на стартот од новото коло играат Стразбур и Ланс и тука се очекуваат голови. За играта да има меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувремме, квотата изнесува 2.15.

Барселона не успеа да слави во вторникот играјќи само 2:2 на гости кај Мајорка и вечерва мора да се вади против Севиља, која полека влегува во форма. Каталонскиот тим е фаворит на овој меч и квота од 2.25 се добива ако одиграте дека Барселона ќе постигне меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.

Последниот предлог ја има најголемата квота и тоа е дуелот на португалските гиганти Бенфика и Порто. Квота од 2.35 се добива ако одиграте дека двата тима ќе постигнат гол, а мрежите ќе се тресат и во првото и во второто полувреме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести