Квотите на денот кои за денеска ги нуди Sport Life се четири големи европски дерби пресметки и лидерот во Премиер лигата, и носат вкупен коефициент од 79,33 ако се одиграат на еден тикет заедно.
Во Холандија денеска се игра најголемото дерби во оваа земја, Ајакс го пречекува Феенорд во битката за титулата. Феенорд е лидер на табелата, додека Ајакс е втор и со евентуална победа ќе се израмни со големиот ривал на врвот на табелата.
Предлогот на Sport Life е да одиграте дека Ајакс нема да загуби, а двата тима ќе постигнат барем по еден гол. Квотата е најмала од петте предлози и изнесува 2,05.
Арсенал е единствен „натрапник“ меѓу дерби дуелите во Квотите на денот. Топчиите се големи фаворити против Кристал Палас кој нема победа во 2023 година во Премиер лигата и за играта Арсенал да даде меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме, квотата изнесува 2,25.
Првото големо вечерно дерби е тоа меѓу Лацио и Рома и тука се очекуваат голови. Квота од 2,45 има ако одиграте дека двата тима ќе дадат меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.
отоа следи најголемото дерби во Серија А, Дерби Италија, во кое играат Интер и Јувентус. Тука предлогот е да се одигра дека и двете екипи ќе постигнат гол, а притоа ќе има најмалку по еден гол и во двете полувремиња, а квотата за оваа игра е 2,60.
Последниот предлог носи најголема квота и е од најголемото светско дерби, Барселона – Реал Мадрид, а препораката е да одиграте на голови.
Доколку одиграте да има најмалку еден гол во првото полувреме и најмалку два во второто, квотата изнесува 2,70.