Во Лигата на нации повторно ќе има голеада, Шпанија е поблиску до трофејот (Фото)

Натпреварите од завршницата на Лигата на нациите на УЕФА се главниот настан денес, а токму тие два натпревари се помеѓу петте предлози во понудата со Квотите на денот на Sport Life.

Петте натпревари искомбинирани на ист тикет прават квота од 52.4, додека поединечно квотите се движат помеѓу 2.10 и 2.35.

Германија и Франција ќе играат за третото место во Лигата на нации, а квотата од 2.20 ќе биде добитна само ако во регуларните 90 минути има победник, но и ако бидат постигнати помеѓу два и четири гола.

Намибија е во мала предност во однос на Малави, па квотата од 2.10 ќе биде добитна само ако домашните не го загубат денешниот меч, но и ако има најмалку еден гол во првото полувреме.

Ефикасен фудбал и голови се очекуваат на мечот помеѓу Сантандер и Мирандес. Понудената квота е 2.30, а ќе биде добитна само ако бидат постигнати помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.

Фудбалерите на Университад де Чиле се фаворити во мечот против Курико Унидо, па од нив се очекуваат голови. Понудената квота од 2.35 ќе биде добитна само ако гостите постигнат барем еден гол во првото полувреме, но и најмалку два на целиот натпревар.

Централниот настан за денес е финалето од Лигата на нации и дуелот на Португалија и Шпанија. „Црвената фурија“ е во предност, па од нив се очекува дека нема да загубат во регуларните 90 минути, но за биде добитна квотата од 2.10 потребно е да се затресат и двете мрежи.

- Оглас -

Најнови вести