Маурицио Сари извиси за работата во Рома која му припадна на Жозе Мурињо, но Банкарот се најде во конкуренција токму за местото кое го отстапи Специјалниот. Екстренерот на Наполи, Челзи и Јувентус наводно е пред враќање во Лондон откако започнал преговори со Тотенхем, но и со Арсенал.
Веста ја потврдија повеќе италијански медиуми, а Сари е во контакт со Петлите уште во периодот кога му беше врачен отказот на Мурињо. Меѓутоа и управата на Арсенал планира да го разреши Микел Артета, па затоа Сари не избрзал со одлуката и ќе ја разгледува подобрата понуда, односно кој проект е поамбициозен.
Едно е сигурно, Сари-бол повторно ќе се игра во Лондон и Премиер лигата, која делуваше атрактивно на моменти, кога Сините беа под палката на италијанскиот стратег.