Фудбалот секогаш е интересен бидејќи до последната секунда може да биде неивесен. Така е и со Спортската прогноза. Иако се работи за последното коло од првата сезона на оваа интересна и бесплатна игра, сè уште не е доцна да одиграте и да ги погодите основните 13 двојки за главната награда „iPhone XS“, а по него на менито е и убавецот на „Самсунг“, мобилниот телефон „Samsung galaxy А6“.
Тука се и ваучерите и наградите за Генералниот пласман, каде што се бие неверојатно изедначена и возбудлива трка за врвот. За најдобрите во Генералниот пласман следуваат електричен тротинет, велосипед Capriolo passion men и за ваучери од 1.000, петстотини и двеста денари.
Меѓу понудените мечеви од „Среќна 13-ка“ имаме неколку интересни дерби-дуели, а секако најголемо внимание привлекува мечот кој ќе се игра на „Олимпико“ меѓу Рома и Јувентус. Не чекајте до последниот момент, сабота 15:30 часот, и прогнозирајте уште сега.
* Доколку не се добие победник во Генералниот пласман по последното коло на Спортска прогноза, односно неколку прогнозери имаат еднаков број точни прогнози, за нив ќе следува едно дополнително коло, по кое ќе се одреди победникот. Во случај и тогаш да не се издвои најдобар прогнозер или, пак, од второ до петто место ќе се сметаат учиноците според секое коло (пример: прогнозерот со 5×10 точни прогнози е подобар од прогнозерот со 4×10 точни прогнози).