Во Маџари се игра на големи квоти, за големи добивки

Еден од двата топ тикети за изминатиот викенд доаѓа од Маџари, каде што обложувач си ќари над 6.200 евра, или поточно 387.956 денари откако погоди четири типови само со 50 денари влог. Паровите се типувани на ист начин, со победа на домаќинот или победникот по нерешено прво полувреме, а воедно да нема повеќе од три погодоци.

Обложувачот ги врза победите на Атлетико Мадрид, Интер, Спортинг Лисабон и Борусија Дортмунд за вкупна квота 7.759,12. Јорганџиите триумфираа со 2-0 (0-0) против Бетис, Спортинг славеше на гости со 2-1 против Санта Клара по нерешените 1-1 во првите 45 минути. Дортмунд со мала задршка го доби дербито против Шалке со 3-0 (0-0), додека Интер го разочара Горан Пандев и ја надигра Џенова со 2-0 (0-0).

КАКО СО 60 ЕВРА ДА ДОБИЕТЕ ПОВЕЌЕ ОД 11.000 ЕВРА? РЕЦЕПТОТ Е ПРОНАЈДЕН ВО ГЕВГЕЛИЈА

Уште еден доказ дека се доволни само три пара за да се дојде до екстра добивка од малку повеќе од 11.000 евра. Обложувачот од Гевгелија одигра храбар тикет и вложи 4.000 денари за да дочека исплата од 686.400 денари.

Три двојни победи на Ханса Росток, Транмере и Ридинг со вкупен коефициент 171.6 го усреќија редовниот клиент на Sport Life обложувалници. 

Во ниту еден од натпреварите немаше дилеми дека работите може да тргнат на лошо бидејќи Росток беше убедлив со 5-1 (2-0) против Викторија Келн, Транмере сигурно славеше против Саутхенд со 2-0 (1-0), додека пак Ридинг лесно ги освои бодовите против Ротерам со 3-0 (1-0).

- Оглас -

Најнови вести