Во манчестерски стил со пресврт Јунајтед повторно победи на меч од Премиерлигата, а негативата од 0:1 против Астон Вила денеска ја преточи во победа од 3:1 на „Вила Парк“.
Често сезонава се случуваше истото сценарио на мечевите на Црвените ѓаволи, а денеска за реприза се погрижија Бруно Фернандеш, Мејсон Гринвуд и Единсон Кавани со голови во вториот дел во кус рок од четири минути.
Астон Вила поведе со прекрасниот гол на Траоре во 24. минута, па по првиот дел домаќините имаа предност од 1:0.
Гостите се разиграа во вториот дел, а пресврт најави Фернандеш со гол од пенал во 52. минута. Гринвуд беше прецизен само четири минути подоцна, а точка на победата на гостите стави Кавани во финишот.
Greenwood goal vs Aston Villa (1-2) #mufc https://t.co/QxR5lIAs9K
— United Goals ⚽️ (@UnitedGoals__) May 9, 2021
Манчестер јунајтед остана на второто место со 70 бода, 10 помалку од градскиот ривал Сити, но и со меч помалку.
Unbelievable movement by Cavani, excellent vision and pinpoint cross Rashford and a sublime finish.
WHAT A GOAL..https://t.co/Ynd5izgxzN
— ً (@TheFergusonWay) May 9, 2021