Во Марсеј нема друга опција освен победа на домаќините

Падерборн – Келн (20 ч.)

Дуел на две екипи кои имаат слаби одбрани и често примаат голови. Падерборн е последен и полека се подготвува за пад во втората германска лига. На домашен терен Падерборн има само две победи во 12 меча, но, за нивна среќа, и Келн не е некој добар тим на гостински терен, па има само три победи во 12 средби.

На последните четири меѓусебни дуели имало дури 24 голови, односно шест по меч, што значи дека може да се очекуваат погодоци.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.75)

 

Алавес – Валенсија (21 ч.)

Стадионот на Алавес не е место на кое гостинските екипи може многу да планираат дека ќе освојуваат бодови. Тоа се потврди и сезонава затоа што Алавес на свој терен има шест победи и четири ремија, додека само трипати биле поразени во 13 средби.

Валенсија претрпе седум порази во 12 дуели на гостински терен, што само потврдува дека на овој меч „двојката“ е навистина тешко остварлива.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.80)

 

Олимпик Марсеј – Амиен (21 ч.)

Јано е дека фаворитската улога ја имаат домаќините. Тоа е тим кој е веднаш зад лидерот ПСЖ, додека Амиен е во зоната за испаѓање и со многу мали шанси да се спаси. Во 13 гостувања, Амиен сезонава само еднаш победи на гости, но има и пет нерешени, што значи дека не се предаваат предвреме.

Олимпик победил на четири од досегашните пет меча со овој ривал, но интересно е што Амиен победи сезонава во есенскиот дел до 3:1, што значи дека дополнителен мотив за тимот од Марсеј е да се реваншира за тој кикс.

Предлог тип: 1 (1.60)

 

Нотингам – Милвол (20:45 ч.)

Нотингам се бори за позиција која ќе им овозможи влез во Премиер лигата, а во таква ситуација не смее да си дозволува киксови на свој терен. Милвол е тимот кој сезонава е рекордер по бројот на нерешени средби, досега одигра 15 меча без победник. И Нотингам е стручњак за нерешено и досега 12 пати одиграле без победник.

Домаќините се во улога на фаворити, но иксот, секако, е опција како конечен резултат.

Предлог тип: 1Х & 2+ (1.86)

 

Ајндховен – Осс (20 ч.)

Холандската втора лига е како создадена да се играат мечеви на голови. На досегашните 28 меча на Ајндховен имало вкупно 101 погодок, односно 3,6 во просек. Осс е тим кој има слаба одбрана, на гостински терен претрпе 10 порази во 14 средби и треба да е јасно дека домаќинот ќе се радува.

Предлог тип: 1&4+ (3.90)

 

- Оглас -

Најнови вести