Во масакрот во Австрија беше убиен и голман

Хокеарскиот голман Флоријан Јани (24) е еден од петтемина убиени во незапамтена трагедија што се случи во австрискиот град Китзбил. Флоријан летово потпиша за тимот на Алдер од Китзбил откако претходните девет години беше дел од екипата на Линц.

Јани се најде како цел на 25-годишниот Андреас, љубоморниот поранешен дечко на новата девојка на голманот. Трагедијата се случила рано наутро во неделата, кога Андреас зазвонил на вратата на својата поранешна девојка Надин (19).

Вратата ја отворил нејзиниот 59-годишен татко, кој му рекол на Андреас дека веќе не смее да доаѓа и да ги вознемирува. Андреас и претходно бил пријавуван во полиција поради вознемирување на семејството на Надин. Поранешниот дечко заминал дома, каде што го зел пиштолот на брат му и повторно се вратил во куќата на девојката.

Повторно таткото на Надин ја отворил вратата, а Андреас без двоумење пукал во него. Тука започнува масакрот на 25-годишниот љубоморен некогашен дечко. Потоа бил убиен 6-годишниот брат на Надин, а потоа и нејзината мајка. На крајот, со бејзбол палка ја искршил вратата на собата на неговата екс девојка. Андреас без двоумење пукал кон креветот во кој била Надин со нејзиниот нов дечко, 24-годишниот хокеарски голман. Двајцата ги усмртил.

Убиецот потоа заминал во полиција, на пултот оставил пиштол и нож и рекол: „Убив пет луѓе“ и се предал.

 

- Оглас -

Најнови вести