Напаѓачот на француската репрезентација, Оливие Жиру, синоќа се повреди во првото полувреме на дуелот со Република Ирска, и со солзи во очите го напушти теренот.
Освен за националниот тим на Франција, тоа е лоша вест, дури и уште полоша, за неговиот клуб Милан. Жиру одлично ја почна сезонава, во дресот на Милан во Серија А на три меча даде четири гола. На 16-ти септември, за само осум дена од денеска, Милан треба да игра градско дерби против Интер, и огромен хендикеп би било за Милан ако не може да смета на Жиру за тој меч.
Засега не се знае точно каква повреда на левата нога има Жиру и колку време ќе отсуствува, но сигурно е дека нема да игра в понеделник против Холандија.