Во мислите му е само Реал: Мбапе ја одбил најголемата понуда во историјата на фудбалот

Килијан Мбапе налето како слободен фудбалер си заминува од ПСЖ и ќе потпише за Реал Мадрид. Од Кралскиот клуб ќе добие бонус помеѓу 100 и 150 милиони евра, кој ќе го добива на рати во следните пет години, но и годишна плата од 20 милиони евра, колку што заработуваат и Белингам и Винисиус.

Сепак, Французинот за да потпише за Реал Мадрид, ја одбил највисоката понуда во историјата на фудбалот. Новиот сопственик на Манчестер јунајтед, сер Џим Ретклиф, на Мбапе му понудил бонус од 200 милиони евра за потпис, но и годишна плата од 100 милиони евра за следните пет сезони, односно 700 милиони евра кои би се зголемиле и со дополнителните бонуси за успесите на Црвените ѓаволи.

Но, Мбапе бил одлучен и ја одбил оваа понуда и само го чека летниот преоден рок за да потпише за Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести