Во Москва претепана првата ѕвезда на тимот што го тренира Рајковиќ

Алексеј Швед, првата ѕвезда на кошарскиот клуб ЦСКА Москва, е претепан на улица во рускиот главен град и потоа е пренесен во болница. Засега нема информации за тежината на повредите на Швед.

Нападот се случил откако Швед излегол од ресторан и тоа во истиот ден кога ЦСКА Москва загуби во седмиот одлучувачки натпревар од Локомотив Кубањ во полуфиналето на плејофот во ВТБ-лигата.

Армејците соопштија дека Швед ќе ги пропушти следните неколку натпревари, но не објавиja дополнителни детали.

Тренер на ЦСКА Москва е македонскиот стручњак Емил Рајковиќ.

- Оглас -

Најнови вести