Во МЗТ ја чекаат првата победа во АБА лигата, квотата за триумф на Штрковите е одлична

Навивачите и играчите на МЗТ Скопје Аеродром со нетрпение го очекуваат вечерашниот натпревар во „Јане Сандански“ (почеток 20.30 часот) против црногорскиот тим Студентски центар Дерби, затоа што тука се гледа шансата за прва сезонска победа во АБА лигата.

Кој и да играше против Црвена ѕвезда, Партизан и Будуќност во првите три кола, најверојатно ќе загубеше, затоа и во МЗТ веруваат дека дуелот со СЦ Дерби може да значи влез во победнички ритам. Металците беа изненадени пред неколку дена од Гостивар во домашната лига, можеби затоа и квотите во Sport Life малку го фаворизираат гостинот.

Квотата за победа на МЗТ е 2.19, па ако верувате во триумф на Штрковите над Студентите, ете шанса да заработите.

Во понудата на Sport Life има и да погодувате колку поени ќе постигнат Кафи, Миќовиќ и Војдан Стојановски.

СЦ Дерби во првите три рунди од АБА лигата губеше на гости од Задар и Партизан, а дома ја победи Цибона. МЗТ е еден од четирите тима кои уште немаат победа по три кола, но аеродромци го имаа и убедливо најтешкиот распоред.

- Оглас -

Најнови вести