Во МЗТ Скопје Аеродром пристигна нов Американец

Најавените подобрување во играчкиот ростер на МЗТ Скопје Аеродром за вториот дел од сезоната почнаа со денешното потпишување договор со Американецот Феми Олуџоби (23 год., 206 см), кој се обврза на верност до крајот на сезоната, пренесува официјалниот сајт на македонскиот кошаркарски првак.

Станува збор за крилен центар, чии главни карактеристики се брзината и скокот и кој се очекува да донесе стабилност во играта под кошевите. Тој доаѓа од Литванија, каде што настапуваше за екипата на Лиеткабелис.

За Олуџоби ова е прва сезона како професионалец откако мина четири во американската НЦАА-лига настапувајќи за Оукленд, АиТ универзитетот од Северна Каролина и за универзитетот Депол. Во последните две екипи настапи по една година, и тоа со просек од 16,3 поени и 7,7 скока односно со 12,8 поени и 5,4 скока.

Новиот Американец ќе има доволно време за аклиматизација со оглед што следниот натпревар МЗТ Скопје го игра дури на 27 февруари, и тоа дома против Динамик.

- Оглас -

Најнови вести