Највнимателните навивачи на Наполи синоќешниот прв гол на натпреварот Наполи – Спортинг велат дека наликува на голот со кој „Матадорот“ Единсон Кавани го отвори натпреварот Наполи – Рома во 2013 година.
Синоќа Наполи со 2-1 го победи тимот од Лисабон, а двата гола беа на Расмус Хојлунд по асистенции на Кевин де Бројне. Кога Наполи ја разби Рома со 4-1 пред 12 години, Кавани направи хет-трик, а првиот гол беше по одлично додавање на Горан Пандев.
Одлични завршни пасови и втрчување во вистински момент е заедничкото нешто на головите на Де Бројне/Хојлунд и на Пандев/Кавани кои вратија спомени од минатото.