Во НБА е лесно, на четири меча победа на домаќините е „сигурица“

Вкупно пет меча се играт ноќеска во НБА лигата, а на дури четири домаќините се во улога фаворити и коефициентот за „кец“ не надминува 1.60. Тоа значи дека екипите кои играат пред своите навивачи ќе треба да се радуваат на  триумф.

Атланта игра против Торонто, а овој меч треба да биде со многу поени, посебно ако се следи традицијата. На неверојатни 14 последни средби на овие два тима, секогаш двете екипи постигнувале троцифрен број на поени. Тешко дека во НБА има друга ваква долга серија кога се работи за поени на двата ривали.

За победа на Атланта квотата е 1.53, исто колку што е и „кецот“ за триумф на Индијана пред своите навивачи против Орландо. Магичните од Орландо се меѓу најслабите во лигата со само пет победи во 16 средби.

Портланд против Јута ќе треба да руши една непријатна традиција. Џезерите имаат пет победи по ред со овој ривал, а ако се погледнат и последните девет меѓусебни средби, Јута има дури осум победи. Сепак, сега Портланд е фаворит.

Најсигурен кец треба да е на мечот во Лос Анџелес каде Клиперс е домаќин на Сан Антонио, екипа која има само шест победи сезонава во 16 средби. Единствен меч каде гостинот е во улога на „благ“ фаворит е Филаделфија – Минесота.

Освен за исходите од мечевите, во Sport Life секогаш има интересна понуда за „плус-минус“ поени на кошаркарите кои треба да се појават на теренот, па на вас останува даги одберете вистинските комбинации.

- Оглас -

Најнови вести