Одиграа како Ѓоковиќ и Федерер на мрежа – НХЛ постои 104 години и ваква магична акција досега немало (Видео)

Најсилната хокеарска лига на светот, НХЛ во својата богата 104-годишна традиција имала блескави моменти, асистенции и голови, но магијата што ја приредија двајца хокеари на Анахејм дакс, ноќеска против Бафало сејбрс е невидена досега.

Особено воодушеви 20-годишниот напаѓач на Патките, Тревор Жеграс со жонглерскиот потег и асистенција до стрелецот Сони Милано, кој погоди по акцијата што личеше на потези од тенисот.

Анахејм победи со 2:0, а уште долго ќе се памети акцијата на Жеграс и Милано и првиот гол на мечот меѓу Бафало и Анахејм.

 

- Оглас -

Најнови вести