23.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Во Норвич се радуваат што Суарес веќе не игра за Ливерпул (видео)

Европскиот првак Ливерпул вечерва ја почнува потерата по трофејот во Премиерлигата кој не го освоил цели 30 години, а според традицијата, „црвените“ не би требало да имаат проблем да ги освојат трите бода.

На четири од последните шест меѓусебни дуели, Ливерпул даваше пет гола. „Петарда“ против Норвич испукаа и на последното среќавање, во јануари 2016 година, кога славеа со 5-4, а победничкиот гол го даде Лалана во 94-та минута.

Тој гол на Лалана е сместен меѓу петте најубави и најважни голови на Ливерпул во историјатот на дуелите со „жолто-зелените“, а во Топ 5 погодоците има и два прекрасни гола на Луис Суарес, кој за среќа на Норвич, веќе не е член на Ливерпул.

Погледнете ги најубавите голови, од кои отскокнуваат двата на Суарес:

https://twitter.com/i/status/1159512596141113344

- Оглас -

Најнови вести