Групната фаза во Лига на шампиони заврши и веднаш започнаа калкулациите кој тим со кого може да се падне во нокаут фазата.
Според направениот првичен „костур“, Барселона или Челзи ќе го чека подобриот од 16-финална пресметка во која треба да се најдат подобрите две екипи од четврорката Монако, Карабах, ПСЖ и Њукасл. Тоа значи дека ако нема изненадувања, може да има дуел меѓу Барселона и ПСЖ на пример и на Њукасл против Челзи.
Во осминафиналето може да има пресметка и меѓу Ливерпул и Јувентус, како и тоа дека Манчестер сити може да очекува еден од Реал Мадрид или Интер, секако доколку овие гиганти ја поминат 16-финалната фаза.
Има многу комбинации, многу калкулации, останува времето и резултатите да покажат кои ќе бидат дуелите прво во 16-финалето, а потоа како и би биле следните комбинации.


