Во Париз без совест се слави првиот пласман во финалето од ЛШ (видео)

ПСЖ вчера со убедливи 3-0 против Лајпциг обезбеди пласман во финалето од Лигата на шампионите за првпат во клупската историја. На 23 август Светците ќе се обидат да го освојат петтиот трофеј сезонава, а противник во битката за титулата ќе им биде подобриот од второто полуфинале меѓу Баерн Минхен и Лион.

Со оглед на тоа дека турнирот во Лисабон се игра без публика, навивачите на ПСЖ пласманот го прославија на улиците низ Париз. Неколку групи од стотици фанови несовесно прославуваа, не ги почитуваа мерките за социјална дистанца и заштита од ковид-19.

Поради тоа, полицијата мораше да интервенира и да ја расчисти гужвата.

- Оглас -

Најнови вести