Во Перу датумот 13 јуни е прогласен за национален празник поради фудбалски натпревар!

Датумот 13 јуни е прогласен за национален празник во Перу поради најважниот фудбалски натпревар за оваа земја.

Во понеделник во 20 часот, Перуанците ќе се соочат со Австралија во баражот по кој победникот ќе заземе едно од двете последни слободни места за Светското првенство кое годинава ќе се игра во Катар.

Поради тоа, Владата на оваа јужноамериканска држава одлучи да ги затвори сите државни институции освен болниците, односно понеделник да биде неработен ден, со цел целиот перуански народ да може да го проследи натпреварот, а потоа и да слави пласман на Мундијалот во случај на победа.

„Советот на министерствата одлучи целиот ден понеделник да биде прогласен за празник, со цел целиот наш народ да може да проследи како нашата селекција обезбедува пласман на Мундијалот. Тоа ќе ги мотивира луѓето да се организираат, да може да излезат на улица и да го слават успехот кој го посакуваме“, изјави министерот за култура на Перу, Алехандро Лалас.

Перу напаѓа втор пласман во низа на Светските првенства по настапот на Мундијалот во Русија во 2018 година.

Дуелот Австралија – Перу е закажан за понеделник во 20 часот, а ден подоцна за последното слободно место ќе се борат Костарика и Нов Зеланд.

- Оглас -

Најнови вести