Матајс де Лихт ужива во слободните денови и напоредно размислува каде ќе ја продолжи кариерата. Според последните пишувања на неколку медиуми, тој наводно го одбрал ПСЖ, но таа вест е далеку од вистинита. Одличниот млад дефанзивец може да бира каде ќе ја продолжи кариерата, веќе има понуди од Јувентус, Манчестер сити и Јунајтед, Барселона и веќе споменатите Светци, а во последен час во трката за неговиот потпис се вклучи и Реал Мадрид.
Имено, новата желба на Зинедин Зидан која претседателот Перес треба да му ја оствари е токму Де Лихт, а тој одлично би се вклопил во системот нови засилувања на Кралевите бидејќи досега потрошија над 300 милиони евра. Секако, треба да се ослободат од неколку играчи за да можат да издвојат средства за капитенот на Ајакс, а на излезна врата се Герет Бејл, Маријано Дијас, Дани Себалјос и уште неколку играчи кои Зидан ги смета за вишок.
Ајакс веќе ја одреди цената за Холанѓанецот, ќе се задоволат и со 60 милиони евра, иако европските гиганти се наддаваат за Де Лихт како да е историски артефакт.