Во Премиер лигата имаше малку поинаква реприза од дуелот Тухел – Конте и пак беше вмешан Италијанец (Видео+Фото)

Томас Франк и Роберто Де Зерби за малку ќе се степаа на вчерашниот дуел меѓу Брентфорд и Брајтон, а за да не дојде до поголем инцидент и физичка пресметка меѓу двајцата тренери се погрижија играчите.

Франк имаше вербален дуел со еден од фудбалерите на Брајтон, кога во ситуацијата се вмеша новиот тренер на Галебите, Де Зерби и дојде до искри на терен.

Things get heated between Frank and De Zerbi (they both get yellow cards). from soccer

 

Де Зерби се изјасни зошто одлучил да реагира и вели дека не сака кога некој ги допира неговите играчи, а тоа го стори менаџерот на домаќините Франк.

Италијанецот неодамна стана кормилар на Брајтон, но нема многу успех, откако го наследи Греам Потер, кој замина во Челзи.

Токму Потер го наследи Томас Тухел, тренер што имаше конфликтни ситуации со Антонио Конте на дуелот меѓу Челзи и Тотенхем.

Тоа се случи во раната фаза од новата сезона во Премиер лигата, а двата дуели, едниот во текот на мечот и вториот по завршување на истиот меѓу Тухел и Конте беа жестоки.

Тухел потоа доби отказ, а Конте се уште е тренер на Тотенхем. Нивните две жешки препирки се уште се меѓу главните белези на новата сезона во англиското првенство.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести