Во Премиер лигата сите мечеви од 1-3 I & 1-3 II

Сите шест меча кои досега завршија во англиската Премиер лига завршија во знакот на една од најпопуларните игри во спортските обложувалници на Sport Life. Интересно, но англичаните дадоа „поклон“, бидејќи сите досега одиграни дуели завршија како за добивка ако се игра популарно 1-3 I&1-3 II (да има еден до три гола во прво и еден до три гола во второ полувреме).

Џејми Варди го предводеше Лестер до победа од 3:1 против Фулам. Варди постигна два гола и ја надмина бројката од 100 погодоци во дресот на Лестер. Тој е првиот играч по легендарниот Гари Линекер кој успеал да постигне троцифрен број на погодоци за „лисиците“.

Јубилеј од 200 погодоци во кариерата имаше и за Хари Кејн, но тој немаше многу причини за радост. Тотенхем водеше со 1:0 на полувреме кај Саутхемптон, но домаќиниот во вториот дел направи пресврт и победи со 2:1. Освен Саутемптон, со пресврт до бодови на свој терен стигна и Њукасл. Евертон водеше со 2:0 на полувреме, но „свраките“ дадоа три гола во вториот дел и се радуваат на трите бода.

Резултати: Кристал Палас – Брајтон 1:2 (0:1), Кардиф – Вест Хем 2:0 (1:0), Хадерсфилд – Борнмут 0:2 (0:1), Лестер – Фулам 3:1 (1:0), Њукасл – Евертон 3:2 (0:2), Саутемптон – Тотенхем 2:1 (0:1). Во 18:30 часот играат Манчестер сити – Ватфорд.

 

 

- Оглас -

Најнови вести