Во Радовиш се крие мајсторот за Лигата на Европа – Со „пеевче“ погоди 3.251 квота

Браво за мајсторот од Радовиш кој го откри големото изненадување во вчерашните реванш-натпревари од првата рунда во Лигата на Европа. Нашиот редовен обложувач добитното ливче го „скоцка“ во уплатното место „Радовиш 2“ и само со 50 денари успеал да ги најде добитните четири меча кои го усреќија со околу 2.600 евра, или поточно 162.550 денари.

Сите четири пара се типувани со полувреме и крај, надополнети со погодоци. Интер и Манчестер јунајтед се зицерите со коефициент над три, домаќините победија против Лудогорец со 2-1, односно против Клуб Бриж со 5-0, притоа имајќи водство по првите 45 минути игра. Ајакс запиша Пирова победа против Хетафе од 2-1 со тоа што во првиот дел екипите постигнаа по еден гол.

Сензацијата на тикетот, и воопшто во нокаут-рундата, покрај тоа што Олимпијакос го елиминира Арсенал, е и дебаклот на Селтик против Копенхаген на домашен терен. Типувачот како да ја „намириса“ победата на гостите и како да знаел дека ќе има од два до четири гола на мечот.

Иако немаше голови во првото полувреме, односно силите беа израмнети како што му одговараше на нашиот типувач, Копенхаген на крајот дојде до победа од 3-1 на „Селтик парк“, типот X-2 & 2-4 носеше огромна 33 квота.

Уште еднаш, браво мајсторе и со убаво да си ги трошиш парите.

- Оглас -

Најнови вести