Во Рајо Валјекано има повеќе од 12 лица заразени со ковид-19, дали и Димитриевски е меѓу нив?

Рајо Валјекано доцна синоќа официјално објави дека во нивниот клуб има повеќе од дузина лица позитивни на ковид-19. Не се спомнуваат имиња, но меѓу заразените има и играчи и членови на стручниот штаб, како и вработени во клубот. Повеќето биле асимптоматски.

Засега не се знае дали македонскиот голман Столе Димитриевски е меѓу заразените. Тој пред околу една и пол година веќе го прележа вирусот, па има шанси овојпат да не е на листата на позитивни.

Следниот меч на Рајо е на 2 јануари против Атлетико Мадрид, а наредниот тренинг е закажан за 27 декември. Во клубот се надеваат дека деновиве бројката на заразени нема да расте.

- Оглас -

Најнови вести