Натпреварот од МЛС-лигата помеѓу Колорадо рапидс и Портланд тимберс заврши 3-3, но освен по ефикасноста, овој меч предизвика внимание и поради условите за игра. Средбата се играше на снежно невреме, а верувале или не, во еден момент од средбата, температурата на термометарот покажувала минус 7,7 целзиусови степени.
На фотографиите се гледа дека условите биле на граница на регуларноста, играчите и судиите биле практично замрзнати, но и покрај студот, публиката (на трибините имаше 13 илјади гледачи) можеше да ужива во возбудлив меч на кој на теренот покриен со снег паднаа шест кола, имаше и утнат пенал, црвен картон.