3008 Лацио – Пиза (20:45 ч.)
Меч кој нема некоја поголема важност. Лацио со победа само ќе го потврди деветото место на табелата, додека Пиза веќе оддамна е испадната. Пиза има само 18 бодови и е закована на дното на табелата.
Пиза има 12 порази и едно реми во последните 13 кола во Серија А, а дополнителен предизвик за Лацио ќе биде фактот дека есеноска кикисраше на гостински терен кај овој ривал и одигра без голови. На последните четири меча меѓу овие ривали немало повеќе од еден гол, но сега треба да е поинаку.
Предлог тип: 1-1&2-4 (3.65)
1306 Жирона – Елче (21 ч.)
Ова е најважниот меч од последното кол во шпанското првенство, затоа што е директен дуел на екипи кои се борат за опстанок. Жирона е на 18-тото место кое води во втора лига со 40 бодови, додека Елче е една позиција над нив која носи спас и има 42 бодови.
Тоа значи дека Жирона со победа ќе стигне до 43 бодови и ќе биде сигурно спасен. Елче и со пораз може да остане во лига, затоа што 42 бодови имаат и Леванте и Осасуна, па многу калкулации ќе зависат и од дуелите на тие екипи.
Предлог тип: 1&3+ (2.60)
1302 Реал Мадрид – Атлетик Билбао (21 ч.)
На последните 10 меча на овие ривали, дури осум пати на крајот имало два до три погодоци. Во тие 10 дуели, Реал има седум, а Атлетик само две победи. Реал во просек постигнува по два гола, додека Атлетик ја има една од најлошите одбрани во лигата.
Навивачите на Реал сигурно ќе бараат во последното коло нивните миленици со троумф да ја затворат сезоната.
Предлог тип: 1-1&2-4 (3.55)
3134 Војводина – Нови Пазар (18 ч.)
Војводина доволно е да не загуби пред своите навивачи и на крајот да заврши на второто место на табелата во српското првенство. Нови Пазар секако ќе биде петти на крајот.
Во последните девет дуели на овие екипи не било нерешено. Војводина има пет победи, а Нови Пазар се радувал четири пати. Интересно е дека на осум од тие девет пресметки, еден од тимовите не постигнувал гол, односно било НГ.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.85)
1881 Баерн Минхен – Штутгарт (20 ч.)
Финале на Купот во Германија. Јасно е дека Баерн е огромен фаворит. Баварскиот гигант без мака триумфираше во Бундеслигата, а сега фокусот е да се освои двојната круна.
Штутгарт нема предвреме да се предаде, но традицијата вели дека баерн победил на последните пет меча со овој ривал, а четири пати било со 4+ погодоци.
Предлог тип: 1-1&4+ (2.75)

