Во Шпанија не се памети ваква атмосфера, се тресеа трибините откако му дадоа гол на Реал Мадрид (Видео)

Реал Сосиедад со 2:0 го победи Реал Мадрид и на најдобар начин ја искористи предност со неиграњето на повеќемина стандардни стартери на Кралскиот клуб. Кубо погоди за 1:0 на почетокот на второто полувреме, а домашните навивачи направија неверојатна атмосфера, барем кога се работи за дуели во шпанското првенство.

Фановите на „Реале Арена“ во Сан Себастијан започнаа да пеат и да скокаат, па едноставно трибините почнаа да се тресат. Во една таква атмосфера, јасно беше дека домаќините само дополнително ќе добијат мотив да стигнат до триумф, па во 85-тата минута Сосиедад ќе постигне и втор погодок за победа над актуелниот шпански и европски првак.

https://www.tiktok.com/@espnfc/video/7228698852717645099?is_from_webapp=1&sender_device=pc

- Оглас -

Најнови вести