Во шпанската лига има играч кој во 2022 даде повеќе голови од Бензема и Обамејанг, погоди и вечерва

Вилјареал победи на гостувањето кај Хетафе со 2-1, и му го честиташе јубилејот на својот тренер Унаи Емери, кој по 900-ти пат во кариерата водеше тим.

Жолтата подморница рано поведе со 2-0, уште во 16-та минута, и си го отвори патот до триумфот. Хетафе намали на половина час пред крајот, но не успеа да избегне пораз.

Голот за Хетафе го постигна Енес Унал, кој е втор стрелец во Ла Лига со 15 гола. Од овие 15 гола, 10 му се во календарската 2022, и во таа категорија, тој е подобар и од Карим Бензема и Пјер Емерик Обамејанг.

- Оглас -

Најнови вести