Во Сингапур важно е кој ќе биде на пол-позиција, Ферстапен нема победа на оваа патека

Квалификациите на Формула 1 патеката „Марина беј“ во Сингапур имаат посебна тежина, бидејќи историјата покажува оти неделната трка обично ја добивал тој што стартувал од пол-позицијата.

И денеска главната битка за пол-позицијата ќе ја водат Макс Ферстапен и Шарл Леклер, а останатите, од сенка ќе чекаат шанса да изненадат.

Лани и преклани немаше трка во Сингапур, а во 2019, победи Себастијан Фетел, тогаш пилот на Ферари. Шарл Леклер беше на пол-позиција, но трката ја доби неговиот тимски колега кој тогаш беше фаворизиран. Леклер и Карлос Саинс вчера беа најбрзи на вториот слободен тренинг, и тоа е добар знак за Ферари.

Ферстапен в недела може да ја прослави својата втора шампионска титула, а денешните квалификации треба да бидат првиот чекор кон таа цел. Ред Бул од 2013 нема победа во Сингапур.

- Оглас -

Најнови вести