Во Скопје ќе ни гостува полската машина за голови – Пјонтек во иста сезона е најдобар стрелец на два клуба

Во Скопје полската репрезентација ќе ни дојде на гости со тројца врвни напаѓачи, Левандовски, Милик и Пјонтек, а последниот приреди уникатен подвиг сезонава.

Во дебитантската сезона во Серија А 23-годишниот шпиц е топ-стрелец на Џенова со 13 голови, постигнати во првиот дел од сезоната, а потоа се промовира и во најдобар голгетер на Милан со 9 погодоци, сите постигнати во пролетниот дел од сезоната.

Во Џенова немаше конкуренција, а зад него е Кваме со само 4 постигнати голови во сезона во која клубот едвај избори опстанок.

Во Милан за половина сезона повторно беше најдобар стрелец со девет погодоци, пред Кеси и Сусо, кои за цела сезона постигнаа по 7 погодоци.

Полска ќе игра со Македонија на 7. јуни во квалификациски меч за ЕП 2020 година.

- Оглас -

Најнови вести