Во Sport Life веќе излегоа квотите за финалето, фаворитската улога е за… (Фото)

Пари Сен Жермен и Интер на 31 мај во Минхен ќе играат во финалето на Лигата на шампионите, а во Sport Life веќе излегоа квотите за нов европски првак.

Според овие коефициенти објавени вечерва, фаворитската улога за победа му се доделува на францускиот тим, кој досега никогаш не бил освојувач на ЛШ. Но, досега во Минхен се играле четири финалиња и секогаш победувал тим на кој тоа му била прва европска титула. За разлика од ПСЖ, Интер веќе бил европски првак.

ПСЖ и Интер досега никогаш не играле меѓу себе на официјален меч. ПСЖ играше финале и го загуби од Баерн Минхен во 2020 година, а Интер преклани ја доживеа истата судбина против Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести