Во Србија откажани сите спортски настани закажани за сабота

Во Србија се откажани сите спортски настани кои требаше да се одржат в сабота, 17-ти септември.

Причина за ова е одржување на Еуропрајд, собир во организација на ЛГБТ здруженијата, па полицијата ќе има полни раце работа, бидејќи за сабота е најавена и контра парада.

Многу полициски сили ќе бидат ангажирани за обезбедување на геј-парадата, нема да биде можно соодветно да се обезбедуваат спортските настани.

Затоа, сите фудбалски и спортски мечеви кај нашиот северен сосед, ќе се одржат в петок, недела и понеделник, а саботата ќе биде слободна.

- Оглас -

Најнови вести