25.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Во Србија се прифати лоша фудбалска мода, повторно навивачи ги построија фудбалерите (Видео)

Во Србија за кус рок на два натпревари од различен карактер навивачите ги постројуваа фудбалерите и им држеа лекција како треба да се игра за клубот.

По срамните сцени по завршување на дуелот меѓу Партизан и АЕК Ларнака во квалификациите за Европа Лигата кога навивачите на „црно-белите’, или популарните Гробари ги построија и соблекоа играчите на српскиот гигант, сега слична ситуација имаше и во Ниш на првенствен меч.

Раднички загуби на свој терен од Нови Пазар со 1:3, а то никако не беше прифатливо за симпатизерите на популарниот Реал од Нишава, па и тука построени беа играчите на домашниот тим и добија лекција како треба да играат.

И по двата меча тренерите на Партизан и на Раднички Ниш си поднесоа оставки, а јавноста го осуди начинот на кој реагираа навивачите на двата тима.

- Оглас -

Најнови вести