Во стилот на Французите, и Англичаните со петиција бараат да се преигра финалето

Англиските фанови не може да се помират со поразот од Италија во мечот за европската титула, па започнаа со петиција и собирање потписи да се преигра финалето во кое вчера Аѕурите ја освоија втората титула во својата историја.

Не е само една, туку има повеќе петиции, а најактивната е со 1.500 потписи, бројка која расте од минута во минута.

Имено, англиските навивачи не се задоволи од арбитражата и сметаат дека Бјорн Којперс, главниот судија на финалето, не бил објективен при носењето одлуки во неколку наврати. Најмногу му забележуваат што не го исклучи Кјелини во последните секунди од регуларното време, кога спречи контранапад повлекувајќи го Сака за дресот, па искусниот стопер беше санкциониран само со жолт картон.

Слична ваква петиција започнаа Французите по елиминацијата на пенали од Швајцарија во осминафиналето, со која се собраа повеќе од 250 илјади потписи. Ваквите петиции се залудни бидејќи УЕФА ниту еднаш не одобрила преигрување меч, а уште помалку ќе го стори тоа за едно финале на Европско првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести