Не се помируваат со елиминацијата: Собрани над 250 илјади потписи за да се преигра мечот Франција – Швајцарија

Повеќе од 250 илјади потписи се собрани при една петиција со која се бара од УЕФА да се преигра осминафиналниот дуел меѓу Франција и Швајцарија бидејќи е направена судиска грешка во моментот кога Јан Сомер му го одбрани клучниот пенал на Мбапе.

Француските навивачи не се помируваат со елиминацијата, а имаа докази дека Сомер ја напушти гол-линијата, односно предвреме ја тргнал ногата пред Мбапе да шутира и затоа лесно го обранил пеналот со кој Швајцарија обезбеди четвртфинална пресметка против Шпанија.

Иако преигрувањето на мечот е невозможно, петицијата е активна и потписи се надополнуваат со секој изминат миг.

- Оглас -

Најнови вести