9.8 C
Skopje
сабота, 4 октомври 2025

Во стилот на својот славен татко: Клајверт даде фантастичен гол за победа (Видео)

Екипата на Борнмут славеше со 3:1 против Фулам во првиот меч од седмото коло на англиската Премиер лига. Со оваа победа Борнмут ја продолжи фантастичната серија. Има шест меча без пораз, а ова е најдобриот старт во клупската историја во елитното англиско натпреарување на Борнмут.

До 70 минута мрежите на двата тима мируваа, а потоа Фулам прв погоди за водство на гостите од 1:0. Тоа како да ги разбуди домашните фудбалери, кои во последните 20 минути направила целосен пресврт. Во 78 минута израмни Антони Семенјо, а потоа следуваше ремек делото на Џастин Клајверт.

Синот на прославениот холандски фудбалер Патрик Клајверт, постигна фантастичен гол со шут од околу 25 метри за 2:1 за Борнмут. Во последните моменти од мечот, односно во 90+6 минута, Семенјо со својто втор погодок само го потврди триумфот на Борнмут, кој моментално е на второто место на табелата со 14 бодови од седум меча.

Џастин Клајверт кој го постигна фантастичниот гол, има 26 години и е член на Борнмут од летото 2023 година, кога пристигна од Рома за 10,8 милиони евра, а претходно играше за Валенсија, Ница, Лајпциг и Ајакс.

Неговиот татко Патрик Клајверт е икона на холандскиот и светскиот фудбал, а се пензионираше од фудбалот од 2008 година. Стана познат играјќи за Ајакс, Милан и Барселона, а беше и член на Њукасл, Валенсија, Лил и ПСВ. Има одиграно 79 натпревари и постигнато 40 гола за Холандија.

- Оглас -

Најнови вести