Во стручниот штаб на Далиќ се приклучи уште една хрватска легенда

Ведран Чорлука, некогашниот фудбалер на Тотенхем и Манчестер сити, одлучи да стави крај на фудбалската кариера на 35 години, а веќе доби и тренерски ангажман.

Чорлука ќе му биде асистент на Златко Далиќ во репрезентацијата на Хрватска по барање на самиот селектор, што значи дека во стручниот штаб ќе има уште една легенда на Коцкастите покрај Даријо Срна. Чорлука беше дел од составот на Хрватска во походот до вицешампионската позиција на Мундијалот во Русија, по што му заврши репрезентативната кариера со 103 настапи.

Кариерата ја заврши во Локомотив Москва каде што одигра повеќе од 240 натпревари освојувајќи една титула во рускиот шампионат, три купови и еден Суперкуп.

- Оглас -

Најнови вести