Во Талин ќе играме и фудбал и кошарка – Балонот на ФИБА за Македонија е во Естонија

Македонија ќе гостува во Талин и во октомври и во ноември со две различни селекции во квалификациски натпревари, а по фудбалерите, кои ќе играат против Естонија на 11 октомври во меч од Лигата на нациите, и кошаркарите ќе патуваат на Северот на Европа.

ФИБА одлучи ноемвриските квалификациски мечеви што Македонија треба да ги игра со Естонија и со Италија да се играат во таканаречениот балон, во Талин.

Ова е превентивна мерка и одлука во екот на пандемијата со Ковид-19, па следните два меча Македонија ќе ги игра во Естонија во ноември.

Досега имаме два порази, од Естонците на домашен терен со 72:81 и од Русија на гости со 77:67, па мора да победиме на најмалку еден меч од следните два во естонскиот балон во ноември за да имаме шанси за настап на ЕП следната година.

- Оглас -

Најнови вести